Ја покануваме вашата организација да поднесе номинации за 2025 година (10-ти годишни награди) за Наградите Stevie® за одлични работодавци (Stevie® Awards for Great Employers), светските врвни почести за достигнувања во човечките ресурси, како тимски, така и професионални, како и за новите производи и услуги, а и добавувачи, кои помагаат да се создадат и да се поттикнуваат одлични места за работа.
Ако сакате да го добиете комплетот за пријавување, заедно со целосни упатства како да ги подготвите и поднесете вашите номинации, поднесете ја вашата адреса на е-пошта тука и ќе ви го пратиме комплетот по е-пошта. Имаме многу строга политика за приватност и никогаш нема да ја споделуваме вашата адреса на е-пошта со никого, од никакви причини.
Ова е единствената страница на оваа веб-локација што ќе ја видите на македонски јазик. Сите останати страници на оваа веб-локација се на англиски јазик, а исто така, и комплетот за пријавување. Ова се должи на потребата номинациите да бидат поднесени на англиски јазик, за да можат деловните професионални лица од целиот свет да учествуваат во постапката за проценување. Следново е краток преглед на наградите, условите за поднесување и придобивките од учеството. Ако одлучите вашата организација да достави номинации на наградите, запомнете дека вашите номинации мора да бидат подготвени на англиски јазик.
Наградите Stevie Awards for Great Employers се единствената програма на глобални награди за признавање на професионалците за човекови ресурси и најдобрите работодавци на светот. Организацијата The Stevie Awards којашто ги доделува наградите има седиште во Соединетите Држави. Таа е организатор на осум различни натпревари за награди Stevie Awards, за кои можете да дознаете повеќе на www.StevieAwards.com. Трофејот на наградите Stevie Awards стана една од најпосакуваните награди во светот.
Во 2024 година, Наградите Stevie за одлични работодавци (Stevie Awards for Great Employers) им беа доделени на организации и поединци од повеќе од 28 нации. Кликнете овде за да ја видите листата на победници од изданието во 2024 година.
Во наградите Stevie Awards for Great Employers постојат шест типови на категории награди што можете да ги изберете. Ако решите да учествувате, ќе ги изберете категориите што се совпаѓаат со постигнувањата за кои вашата организација бара признание, и ќе ги подготвите вашите номинации во согласност со упатствата за тие категории. Во достапните категории ќе ги најдете следните:
Списокот и описот на категориите се наоѓаат во комплетот за влез.
Во сите категории, ќе имате можност да доставите писмени одговори на прашањата или видео во должина до пет (5) минути во кое се одговорени прашањата.
Наградите Stevie Awards имаат претставници во многу земји. Овие претставници ќе ги дистрибуираат информациите и ќе им помогнат на организациите во земјата да учествуваат во наградите.
За да видите дали има некој претставник во вашата земја, кликнете овде.
Исто така, може да контактирате и со организаторите на следната адреса:
The Stevie Awards
10560 Main Street, Suite 519
Fairfax, Virginia 22030, USA
Телефон: +1 703-547-8389
Факс: +1 703-991-2397
Е-пошта: help@stevieawards.com
Share